Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Државниот пазарен инспекторат одделение Куманово, во период од 9 до 12 септември, има изречено три казни, а две фирми се опоменати поради непочитување на законите.
Издадени се 3 платни налози по Закон за трговија во износ од 61.380 денари , една наплата е во износ од 12.300 денари. Издадено е едно решение за забрана на дејност од 15 дена по Закон за трговски друштва, бидејќи се вршело дејност без упис во централен регистар.
Изречени се две мерки едукација, едната по Закон за трговијаи уште една едукација по Закон за вршење на занаетчиска дејност.
Во истиот период контроли се направени во Тетово, Битола, Охрид, Скопје и Струмица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk