Повторно ќе се прават операции на ОРЛ во Кумановската болница, обезбеден е апарат за анестезија

15.07.2024 11:11 | Оливера Пешевска

По тригодишна пауза ќе прават операции на Одделението за оториниларингологија во Општа болница Куманово, откако е обезбеден апарат за анестезија и за ова одделение.

Повторно ќе се прават операции на ОРЛ во Кумановската болница, обезбеден е апарат за анестезија

„Од сопствени средства обезбедивме нов апарат за анестезија, електрокаутер и аспиратори за Хируршкиот одел, а апаратот кој беше преместен на хирургија во ковид периодот го вративме на ОРЛ одделението. Тој е потполно функционален и исправен со што се овозможува да продолжи оперативната програма и на ототриноларинголозите во болницата по стагнација од 3 години“, изјави директорката Билјана Ивановска.

Со набавка на новиот апарат за анестезиологија се враќаат се поголем број на услуги кои ги обезбедува Кумановската болница за пациентите од градот, но и Североисточниот регион. Во последните десетина месеци се реактивираше Кабинетот за дојка, ласерски операции на катаракта, доплер на екстремитети. Воедно се воведоа новини како што се колоноскопски прегледи и лабораториски тестирања со методот "Бенетеч пра-софтвер" за пренатален скрининг во биохемиската лабараторија.

Со проширување на листата за услуги одговорните од болницата се надеваат дека сега се подостапни за граѓаните, и за дијагностиката и за неопходните третмани. Со тоа пациентите не мора да патуваат за Скопје или да плаќаат скапи третмани во приватните болници, а медицинската состојба побрзо ќе се разрешува во корист на осигурениците.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk