Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово повторно започнаа со работа пратенички канцеларии за комуникација со граѓаните.
Канцелариите се сместени во Центарот за култура, а во нив се вработени асистенти преку кои ќе се закажуваат средби со претставниците во републичкото Собрание од коалицијата на СДСМ и ДУИ.
„Овие канцеларии неколку години се затворени. Од минатата недела повторно профункционираа и ќе работат од понеделник до сабота од 10 до 15 часот. Ги повикам граѓаните, кои сакаат да се сретнат со пратениците од коалицијата на СДСМ, да закажат термин кај асистентката. Ние ќе бидеме тука да ги слушнеме нивните проблеми и да помогнеме во изнаоѓање на решението, - вели пратеникот од Српската странка Мирослав Јовановиќ.
Проектот за отварање на канцеларии за комуникација со пратениците започна во 2003 година, а се реализираше со помош на НДИ, УСАИД, ИПД, Швајцарската агенција за развој и соработка и ЗЕЛС. Во секоја отворена канцеларија во општините работи асистент, кој му помага на пратеникот.
Преку непосредна комуникација со избраните претставници, граѓаните имаат можност за размена на информации, предлози и сугестии, со цел да се зголеми нивното учество во работата на Собранието.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk