Повторно предизвикан пожар во Бељаковце, трет за помалку од две недели

11.09.2023 19:51 | Оливера Пешевска

Во попладневните часови повторно изби пожар над селото Бељаковце, Општина Куманово.Тим кумановски пожарникари се веднаш упатени на интервенција во тој крај.

Повторно предизвикан пожар во Бељаковце, трет за помалку од две недели

„Пожарот над с. Бељаковце, кумановско, се приближи до неколку стари најверојатно напуштени куќи но благодарение на благовремената интервенција на кумановските пожарникари огнот е сопрен на безбедно растојание“, соопшти Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Ова е трет пожар за помалку од две недели во овој реон-првиот изби на 29 август, кога изгореа две куќи и  две помошни простории. Вториот изби минатата недела, на 5 септември и тогаш изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна.
    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk