Повторно се чисти дивата депонија во „Перо Чичо“

31.08.2018 10:14 | KumanovoNews

По кој знае кој пат денеска започна чистењето на дивата депонија на влезот во населбата „Перо Чичо“.

Повторно се чисти дивата депонија во „Перо Чичо“

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ со булдужер го изнесуваат натрпаниот смет покрај железничката пруга, а истовремено се расчистува и нечистотијата долж улицата „Ѓорче Петров“. Се уредува и зелениот појас пред влезот на населбата.

- Упатуваме уште еднаш апел до несовесните граѓани да престанат со континуираното создавање на дивата депонија, бидејќи ЈП „Чистота и зеленило“ во близина има поставено садови за смет, кои граѓаните можат да ги користат, - апелираат од претпријатието.

Дивата депонија на влезот од населбата „Перо Чичо“ е еден од најголемите загадувачи на животната средина во Куманово. Покрај тоа што тука се трпа голема колична на смет од која се шири неподнослива миризба и претставува опасност за здравјето на жителите од населбата, таа постојано се пали и чадот го загадува воздухот и ги гуши граѓаните од целиот град.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk