Повторно со саати се чека на патарината Романовце

03.08.2013 12:49 | KumanovoNews

 Колони возила повеќе од еден час чекаат да ја поминат патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје.

Повторно со саати се чека на патарината Романовце

Револтирани граѓани се јавија во нашата редакција и реагираат поради застојот на овие високи температури. Тие кажуваат дека колоната достигнала до бензинската пумпа Лукои.

Ова не е хумано. Со две деца тргнав за Скопје и чекав 50 минути да ја поминам патарината. Немам клима во колата и малку фалеше да колабираме од жештината. Не можев да се вратам назад, а нема начин да се помине побрзо затоа што се блокирани сите три коловозни ленти. Дури и да наиде возило со брза помош или да треба итно да се регира од кои било причини патот е блокиран. Не знам што е проблемот, но мора да се преземат мерки за регулирање на сообраќајот.- вели револтирано нашата соговорничка.

Застојот на патарините е поради зголемената фрекфенција на туристи кои транзитираат низ државата. Иста беше состојбата и на почетокот на минатиот месец. Поучени од долгите чекања, кумановци деновиве го користат стариот пат преку Арачиново кон Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk