Голем пожар беснееше ноќеска помеѓу селата Доброшане и Шупли камен (видео)

07.10.2023 11:36 | Жаклина Цветковска

Повеќе од 8 часа ноќеска гореше сува трева трева и страништа помеѓу селата Доброшане и Шупли камен. Пожарот избувнал околу 19 часот, а изгаснат е во 3 часот по полноќ. 

Голем пожар беснееше ноќеска помеѓу селата Доброшане и Шупли камен (видео)

„Во атарот на с. Шупли камен и с. Доброшане интервениравме од 19:10 до 03:15 часот со две противпожарно возило и 6 пожарникари, опожарена е поголема површина на запалено сува трева и стрништа“, соопшти Регионалниот центар за управување на кризи (РЦУК).

Во текот на иминатото денониќие  имало уште три пожари на запалена сува трева и стрниште во селата Матејче, во атарот на нас. Карпош и с.Никуљане, во Умин дол и с.Љубодраг, во селото Орах.

Пожарите ги гаснеле пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk