Пожар на непристапен терен помеѓу Никуштак и Орланци, гори нискостеблеста и дабова шума

07.09.2025 15:11 | KumanovoNews

Од вчера е активен пожар помеѓу селата Никуштак и Орланци на територијата на Општина Липково. 

Пожар на непристапен терен помеѓу Никуштак и Орланци, гори нискостеблеста и дабова шума

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатен непристапен терен, каде што нема патишта и нема можност за пешадиско дејствување. Пожарот се издига по сртот над селата кон Скопска Црна Гора.

„Од градоначалникот на Липково до ЦУК  е ставено барање за воздушно дејствување. Во моментот, сите авиони се ангажирани на големиот пожар во Беровско. Доколку во попладневните часови леталата не бидат потребни таму, ќе бидат веднаш преупатени да дејствуваат на пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци, како и по сртот на Скопска Црна Гора“, велат од ЦУК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk