Пожар пеплоса куќа во Габреш, сeмејството бара помош

12.12.2018 09:18 | KumanovoNews

Тричлено семејство остана без кров на глава откако им изгоре куќата во кумановското село Габреш.

Пожар пеплоса куќа во Габреш, сeмејството бара помош

Пожарот настанал вчера околу 4 часот по полноќ од електрична инсталација и ја зафатил куќата, по што изгорела и целата покуќнина во скромниот дом.

Интервенирала и противпожарната екипа од Куманово во период од 04.15 до 08.25 часот со 1 возило и 4 пожарникари.

Сега семејството Димковски, живее кај роднини во соседството и моли за помош да го поправи домот. Тие имаат и 5 годишно дете на кое му е потребна облека и храна. Двајцата сопружници не се вработени, живеат од земјоделство и сточарство.

Сите хумани луѓе и фирми, како и Општината можат да донираат на Горан Димковски

сметка 200002282505440 Стопанска Банка.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk