Пожар уништи видео опрема во фото “Дрита“

30.07.2013 12:32 | KumanovoNews

 Утрово, избувнал пожар во просториите на фото-студиото “Дрита“, при што изгорела видео опрема, дел од студиото и мебелот во канцелариите.

Пожар уништи видео опрема во фото “Дрита“

Пожарот најверојатно го предизвикала експлозија на батерија од камера.

До 6.30 часот јас бев во дуќанот. Пожарот сигурно се случил околу 7 часот. Ние заради празникот доаѓаме на работа во 9 часот и повикавме пожарна. Дојдоа со две возила и го гасеа огнот два часа. Има изгорени 8 камери, полначи, батерии, во студиото сета опрема подготвена за пет закажани свадби е уништена - вели Абиљ Адеми, сопственик на Фото “Дрита“.

Адеми сеуште не пресметал колку е вкупната штета од пожарот во кој изгореа осум камери и друга фото и видео опрема.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk