Пожар во архивата на “Житомел“

05.03.2015 14:57 | KumanovoNews

Пожар ја зафатил просторијата каде порано се наоаѓала архивата на напуштената фабриката за леб и бели пецива “Житомел“.

Пожар во архивата на “Житомел“

Пламените јазици се прошириле синоќа околу 19.30 часот, по што граѓани пријавиле во пожарната единица дека во руинираните простории горат книги и остатоци од инвентар.

“Интервениравме со две возила и шест пожарникари и огнот е локализиран за 15 минути. До 22 часот пожарот беше целосно изгаснат со што е спречено негово понатамошно проширување“ - вели Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово.

Ова не е прв пат да се запали административната зграда на “Житомел“. И лани во октомври во пожар беа уништени неколку канцеларии. Кои се причините за појава на пожарот, допрва ќе се утврдува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk