Пожар во Багрем бања и Стари лозја

22.06.2016 13:39 | KumanovoNews

Два големи пожари на отворено денеска зафатија дел од населбата „Перо Чичо“.

Пожар во Багрем бања и Стари лозја

Прво се запали месноста Багрем Бања, а потоа и Стари лозја. Гореше голема површина на сува трева и нискостеблести дрвја, а огнот се приближи и до куќите. Пожарната единица и граѓаните го гаснеа пожарот за да не зафати некој од објектите.

„Секоја година гори овде. Го пали некој, незнаеме дали намерно или случајно“. Времето е многу топло и тешко се гаси. Ситуацијата е под контрола, - ни рече еден од пожарникарите.

Густиот чад од огнот се издигаша висока над градот, а се слушнаа и неколку експлозии.

 Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат кога се на отворен простор и да не фрлаат догорчиња од цигари и запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk