Пожар во детското одморалиште и конакот во Матејче

12.04.2020 17:09 | KumanovoNews

Во Полициско одделение Матејче, вчера во 13.50 часот било пријавено дека настанал пожар во близина на манастир „Пресвета Богородица” во с.Матејче.

Пожар во детското одморалиште и конакот во Матејче

При тоа била опожарена сува трева, нискостеблеста шума и зимзелени дрва, а пожарот зафатил и дел од кровна конструкција на запуштен конак и поранешно детско одмаралиште „Матејче“.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk