Пожар во градинката „Ангел Шајче“

19.01.2016 11:09 | KumanovoNews

Пожар вчера имало во објектот на градинката „Ангел Шајче“ лоциран на улицата „ЈНА“.

Пожар во градинката „Ангел Шајче“

Во период од 13.05 до 16.05 часот настанал пожар во кој бил зафатен покривот на градинката. До пожарот дошло затоа што дел од покривната конструкција бил во допир со метален дел од оџакот за издувни гасови од парниот котел во објектот на котларата. Пожарот го изгаснала Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид на лице место изврши екипа од СВР Куманово.

Причините за појава на пожарот и висината на штетата допрва ќе се утврдуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk