Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во угостителскиот објект „Калимеро“, сместен во Занатскиот дом на Градскиот плоштав Куманово, предпладнево се запала фритеза.
Како кажуваа очевидци, огнот од запалениот зејтин се проширил и на куинстите крпи, поради што се создаде густ чад, кој излегуваше од објектот. Со присебност на сопствениците и соседите на околните објекти, огнот бил изгаснат со противпожарен апарат. На лице место пристигна и противпожарно возило, но немаше потреба од интервенција. Причинета е мала матерјална штета.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk