Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Противпожарната единица Куманово, вчера гаснела запалена куќа и автомобил, на локации во Куманово и Липково.
Првата интервенција била на запалени подрумски простории на семејна куќа на ул. Перо Чичо, во периодот од 09.35 до 10 часот. Причината за избувнувањето на пожарот и материјална штета не се познати.
Во вториот случај се запалил автомобил во село Ваксице. Екипите излегле на терен во 17.40 до 19.10 часот. Причината и штетата допрва ќе се утврдат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk