Пожар во куќа на „Доне Божинов“

23.12.2015 12:56 | KumanovoNews

Пожар вчера избил во куќа на улицата „Доне Божинов“.

Пожар во куќа на „Доне Божинов“

Територијалната противпожарна единица  Куманово  бележи интервенција на запалена  куќа на  улица „Доне Божинов“ бб. Интервенирано е со 1 возило и 5 пожарникари во период од  8.25 до 9.38 часот.

Зафатени биле две простории и бања. Изгореле кревети, мебел, покуќнината која била внатре - вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

Причината за појава на пожарот како и материјалната штета не се познати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk