Пожар во куќа на улицата „Драган Шутевски“

29.05.2021 07:04 | KumanovoNews

 Пожар оштети дел од куќа на улицата Драган Шутевски, во населбата Тоде Мендол во Куманово.

Пожар во куќа на улицата „Драган Шутевски“

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица во Куманово, пожарот бил локализиран и ставен под контрола, па не се проширил во останатиот дел на објектот. Во пожарот изгорел и целосно е уништен мебел и друга покуќнина во една од собите.

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), противпожарната единица интервенирала на опожарена семејна куќа на ул. Драган Шутевски бр.12, во период од 14.30 до 15.25 часот.

„Интервенирано е со 1 ПП возило и 5 пожарникари како и тројца граѓани. Причина за пожарот – неисправна електрична инсталација. Направена е поголена материјална штета која допрва ќе се утврдува“, соопштува РЦУК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk