Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгоре куќа и помошна просторија во Ново село и повеќе од 10 хектари сува трева и нискостеблести растенија во селото Довезенце, во текот на вчерашниот ден.
Првата интервенција противпожарната единица од Куманово ја бележи во 12.20 часот, кога било пријавено дека е запалена поголема површина на сува трева во селото Довезенце. Пожарникарите го гаснеле пожарот до 17.30 часот. Изгореле над 10 хектари сува трева и нискостеблести растенија. Причината за пожарот не е позната.
Втората интервенција е во 18.20 часот на опожарена семејна куќа и помошен објект-шупа во Ново Село. Со 2 возила и 6 пожарникари, пожарот е локализиран и изгаснат во 20 часот. Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk