Пожар во манастирот Прохор Пчински

27.01.2014 12:43 | KumanovoNews

Пожар утринава зафатил еден објект во манастирот Прохор Пчински, кој се наоѓа во Србија на границата со Македонија . 

Пожар во манастирот Прохор Пчински

 Според првичните информации кои ги пренесуваат српските медиуми, пожарот се појавил во 10.30 часое во источниот дел на еден од конаците, а потоа се проширил.  При тоа изгорела и кровната конструкција. Противпожарни екипи се на терен и го гаснат пожарот да не се прошири на останатите простории и манастирот.

 Манастирот е подигнат во 11 век, а во него на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ каде се удрени темелите на македонската државотворност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk