Пожар во маркетот Адриатик

17.02.2010 12:26 | KumanovoNews

Во супермаркетот Адриатику, на улицата „Владимир Назор“, вчера во два часот по полноќ избувнал голем пожар. Пожарот го забележал чуварот што го обезбедувал објектот и веднаш ја повикал противпожарната служба.

Пожар во маркетот Адриатик

 Пожарникарите со три возила и пет пожарникари со огнената стихија се бореле 2,5 часа, да не се прошири и на останатиот дел од објектот. Пожарот  бил изгаснат во 4.10 часот.
Причинета е голема матерјална штета, која дополнително ќе биде утврдена. Се претпоставува дека пожарот го предизвикала плинска греалка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk