Пожар во напуштена куќа во Руѓинце

08.07.2021 13:36 | KumanovoNews

Во кумановското село Руѓинце се запалила сува трева, а пожарот зафатил напуштена куќа.

Пожар во напуштена куќа во Руѓинце

„Вчера во 11.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Руѓинце, Општина Старо Нагоричане, настанал пожар на сува трева, при што била зафатена и стара напуштена куќа“, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, повредени нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk