Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голем пожар вчера зафати една од просториите на поранешната фабрика „Житомел“.
„Ова е сигурно 7 или 8 пат како се пали „Житомел“. Пожарите ги предизвикуваат луѓе, но кои се сторителите ние не знаеме, немаме информација, тоа е работа на полиција. Се палат хартии внатре кои се оставени во вреќи и друг канцелариски материјал, а од тоа се зафаќаат и прозорците бидејќи се дрвени и покривот“- вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Територијалната противпожарна единица Куманово го гаснела огнот од 14.10 до 18.30 часот, со 3 возила и 5 пожарникари. Причината за настанувањето на пожарот како и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
Просториите на „Житомел“ се место каде често се собираат бездомници и корисници на дрога.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk