Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгоре дел од стан на улицата „Иво Лола Рибар“ 130 во близина на зеленото пазарче во Куманово.
„Вчера во 16.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на Т.А.(71) од Куманово. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Од пожарот оштетен е и станот на М.Ј.(36) од Куманово. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.
Неофицијално, пожарот настанал додека сопственичката не била дома. Со брза реакција на соседите и интервенција на противпожарната единица била спречена поголема катастрофа во зградата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk