Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Територијалната противпожарна единица Куманово, во изминатите 24 часа бележи две интервенции во населбата Бабин Дол и село Матејче.
Во Бабин Дол е изгасната експлодирана плинска боца во периодот од 21.15 до 21.45 часот. Немало голема штета, a во гаснењето на пожарот учествувале 4 пожарникари со едно возило.
Втората интервенција е во село Матејче во општина Липково, на запалена трафа во периодот од 12.55 до 14 часот. Пожарот е ставен под контрола со едно возило и 4 пожарникари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk