Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два пожари вчера биле регистрирани, еден во селото Оризаре кога се запалила плинска боца, а сува трева горела кај Спомен Костурница.
Пожарот во селото Оризаре е пријавен во 2.30 часот и со едно возило и двајца пожарникари е локализиран за неполн час. Плинската боца ја запалиле од невнимание, но не е предизвикана материјална штета.
На Спомен Костурница е интервенирано од 8.35 до 9 часот каде горела сува трева и багремова шума со површина од 100 метри квадратни. За неколку часа пожарот се активирал на истото место при што пожарникарите повторно го гаснеле огнот од 14.30 до 15.10 часот. Причината за појава на пожарот е непозната.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk