Пожари во Перо Чичо, Романовце и Новосељане

04.08.2015 08:56 | KumanovoNews

Во текот на изминатото  деноноќие имало три пожари на територија на Куманово и тоа во населбата Перо Чичо, во селата Романовце и Новосељане.

Пожари во Перо Чичо, Романовце и Новосељане

Се работело за запалена сува трева и стрниште.  На запалена сува трева во Перо Чичо од 10.20 до 11 часот, интервенирале 3 пожарникари со 1  возило.

Во период од 12.05 до 14.15 часот Територијалната противпожарна единица Куманово, интервенирала на 5 хектари  запалено стрниште во Романовце. Во гаснењето на пожарот учествувале 4 пожарникари со 1 возило.

Од 15.10 до 16.35 часот интервенирала ТППЕ на опожарена сува трева со површина од 2000 М2 во Новосељане. Огнот го локализирале 4 пожарникари со 1 возило. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk