Пожари во Живиње и Никуштак

30.03.2019 11:42 | KumanovoNews

Два пожара се активни на подрачјето во поширокиот кумановски регион, во село Живиње и над селотот Никуштак.

Пожари во Живиње и Никуштак

Во Живиње, гори нискостеблеста шума, но поради ветерот постои опасност да се прошири и да зафати висока дабова шума. Пожарот избувнал вчера околу 11 часот, а во текот на денот го гаснеле екипи од Македонски шуми и Противпожарната единица. Утрово е испратена нова екипа на терен.

Се уште гори  и нискостеблеста дабова шума во липковско, над село Никушатк во месноста „Баре“. Екипите на шумско стопнаство до тринаесет вработени и со помош на дванесет мештани го гаселе пожарот. Вчера, со осум налети со авион се обидувале и надлежните да го изгасат овој пожар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk