Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пожарите во селото Четирце и населбата „Перо Чичо“, вчера гореле неколку објекти, а едно лице е пренесено во болница поради труење со чад.
Во 14. 49 часот во селото Четирце, кумановско, настанал пожар каде биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа.
Во 15.18 часот во населбата „Перо Чичо“ во Куманово настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., при што
истиот вдишал дим, по што бил пренесен во Општа болница Куманово.
Пожарите биле изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово. Увид извршиле екипи од СВР Куманово.
Во текот на денешниот ден, на територијата на општина Куманово беа евидентирани 13 пожари на повеќе локации, кои беа локализирани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk