Пожарната лани интервенирала 260 пати

11.02.2015 13:56 | KumanovoNews

Територијалната противпожарна единица Куманово лани имала 260 интервенции, информира командирот Деан Илиевски.

Пожарната лани интервенирала 260 пати

Од нив 233 се интеревенции на запалени објекти, 26 технички интервенции и една интервенција во соседната општина Кратово.

“Еден пожар е во општина Кратово каде не сме обврзани со закон да интервенираме, додека Липково и Старо Нагоричане ги покриваме. Во однос на 2013 година имаме помалку пожари, бидејќи и времето ни се погоди. И во лето немавме многу пожари“ - рече Илиевски.

ТППЕ располага со 50 вработени, осум противпожарни возила и едно теренско  возило, сите во исправна состојба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk