Пожарникарите цел ден со поплавените

20.11.2014 15:59 | KumanovoNews

Пожарникарите од Територијална противпожарна единица Куманово, само во текот на вчерашниот ден имале повеќе од 20 интервенции во поплавените делови на градот.

Пожарникарите цел ден со поплавените

Со пумпи ја исцрпувале водата од подрумите во станбени згради на улица “Октомвриска револуција“ и „Никола Тесла„, а помагале и во поставувањето на песок во поплавените подрачја.

“Наши екипи вчера од 6 часот наутро, па се до вечерните часови беа на терен. Со пумпи вадевме вода од подруми, а потоа остатокот граѓаните со кофи го исфрлаа. Нашите вработени заедно со луѓе од општината и од ЈП “Водовод“ направија бедем со вреќи од песок позади зградата на “Водовод“ каде што беше критично за излевање, - изјави Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово.

И завчера вечер кога започна невремето и имаше силни електрични празнења со обилни дождови, пожарникарите гаснеле запалена куќа во селото Новосељане и трансформатор на улицата “Васко Карангелески“ во близина наресторанот Галија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk