Пожарникарите ги евакуираа станарите од становите

22.03.2016 18:50 | KumanovoNews

Пожарникарите велат дека нема повредени лица од експлозијата, а тие што биле во становите на катот ги евакуирале и ги изнеле надвор.

Пожарникарите ги евакуираа станарите од становите

 „По добивање на дојава дека има силна детонација на локација „Октомвриска револуција„ зграда број 5 прв влез, веднаш се упативме на лице место.По самото доаѓање имаше голема маса на луѓе, не знаевме за што се работи, никој не знаеше да ни каже да не упати, за што се работи. По качување во зградата односно влегување со моите колеги пожарникари има повеќе станови оштетени, влезната врата на зградата, собните врати, влезните врати на становите, во два три стана севкупен мебел. Не се знае причината од што е таа детонација, експлозија. Полицијата и инспекторатот ќе си вршат увид, тие сега се моментално на лице место. Имав слушнато повеќе детонации меѓутоа оваа е со поголема сила, моќ“, -изјави Марјан Гелевски, командир на смена во ТТПЕ.

Пожарникарот тврди дека нема повредени лица, тие што биле внатре ги евакуирале и ги изнеле надвор.

„Имаше едно мало детенце, кое во моментот спиело, така што не е во паника, имаше едно постаро лице, го отворивме станот и лицето го извадивме“, - додава Гелевски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk