Пожарникарите и месното население ги изгаснаа пожарите во кумановско

21.07.2023 11:40 | Сузана Николиќ

Изгаснати се пожарите во атарот на селата Брзак, Романовце, Агино Село и Лојане, во кои беа зафатени сува трева и стрниште, грмушки и житни култури.
 

Пожарникарите и месното население ги изгаснаа пожарите во кумановско

 Интервенцијата се одвивала неколку часа, а учествувале пожарникари и месното население.           

„Територијалната против пожарна екипа од Куманово со две ПП возила и седум пожарникари била на терен за гаснење на пожарот на потегот Агино Село - Брзак, при што се гаснеше запалена сува трева и стрниште. Месното население со трактори вршеше пресеки на одредени ниви со сува вегетација. Противпожарната акција продолжи на локација во атарот на Брзак и Романовце,  се гаснеше сува трева, грмушки и житни култури. Нешто по 16 часот е започната и акцијата во атарот на с.Лојане со едно ПП возило и три пожарникари“, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Надлежните апелираат да не се палат стрништа и да се биде особено внимателен.По периодот на  високои температури вегетацијата е осушена па лесно може да дојде до разгорување на огновите во поголеми размери при што моѓе да настане материјална штета и загрозување на безбедноста и животот на луѓето.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk