Пожарникарите интервенирале во Доброшане и на Краста

24.09.2013 10:38 | KumanovoNews

 Во текот на вчерашниот ден Противпожарната единица од Куманово изгаснала два пожара од кои едниот во Доброшане, а другиот на градската депонија.

Пожарникарите интервенирале во Доброшане и на Краста

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека  стрниште во село Доброшане било запалено вчера попладне при што било интервенирано во 16.30 часот  со едно возило и три пожарникари.

На депонија Краста било запалено ѓубре и огнот бил изгаснат со три пожарникари и едно возило во 17.30 часот.

И двата пожари се локализирани за период од еден час.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk