Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане лани изгаснала 45 пожари во нивната општина.
Најчести биле пожарите на запалена сува трева и стрништа во летниот период.
“Имавме 25 интервенции на запалена сува трева и стрништа, 15 на ниска шума, 3 на запалени дабови дрва, 1 пожар во шума и едно запалено лозје. Ако споредиме со 2013, во 2014 година имавме помалку пожари и тоа се должи на свеста на граѓаните“ - велат од Територијална противпожарна единица во Старо Нагоричане.
Територијалната противпожарна единица во Старо Нагоричане има осум пожарникари и располага со две возила, едно противпожарно возило и една лада нива.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk