Пожарникарите вчера изгаснале 12 пожари

04.08.2016 08:18 | KumanovoNews

Дванаесет пожари на сува треба и стрништа изгаснале вчера пожарникарите од територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ), најмногу во еден ден од почетокот на летната сезона.

Пожарникарите вчера изгаснале 12 пожари

Во текот на вчерашниот ден бележиме најголем број интервенции од почетокот на летото, но сепак во изминатите години сме имале и повеќе од 20 пожари. Пожарите беа предизвикани на повеќе локации во градот и околината, најчесто од човечко невнимание или намера,- изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ.

Вчера горела сува трева кај градската депонија и хотелот „Ку-Ба“, фабриката „Киро Фетак“, населбата „Ајдучка Чешма„, стрништа во селото Речица, на Пчињски пат и во селото Костурник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk