Пожарот кај „Ловечки“ постојано се активира, се сомнева дека некој го подметнува

27.07.2022 11:21 | Сузана Николиќ

Шести интервенции на гаснење на сува трева во шумата околу „Ловечки дом“ имале кумановските пожарникари за последните три дена. Последната била синоќа околу 18 часот, а првата во неделата околу 20 часот, кога пожарот го предизвика силно електрично празнење. Тогаш од запален бор огнот се прошири на тревата, но брзо беше изгаснат и немаше поголема штета. 

Пожарот кај „Ловечки“ постојано се активира, се сомнева дека некој го подметнува

Пожарот трипати се активирал во понеделникот, а продолжил и во текот на вчерашниот ден, што создава сомнеж дека некој намерно го подметнува.

„За овие неколку дена во с. Проевце се бележат шест интервенции во близина на „Ловечки дом“ каде е потпалена сува трева на различни локации во кругот на домот. Најверојатно намерно да се потпалува од засега непознато лице“, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Вчера во гаснење на пожарите од 13.20 до 15 часот,  интервенирале 2 ПП возила и 4 пожарникари, а од 17.50 до 20.40 часот 1 возило и двајца пожарникари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk