Пожарот од Дренак се шири кон Дејловце

04.08.2021 11:48 | Сузана Николиќ

Пожарот во селото Дренак, Општина Старо Нагоричане, се шири кон соседните села Аљинце, Жељувино и Дејловце, информираат припадници на полицијата кои се на терен.

Пожарот од Дренак се шири кон Дејловце

Поради непристапниот терен гаснењето со возила е невозможно, па вработени во Шумско стопанство, Противпожарната единица на Старо Нагоричене и МВР, пожарот го гаснат рачно. 

„Утринава во акцијата беа вклучени српските хеликоптери и пожарот беше ставен контрола, но ветрот што почна да дува повторно го разгоре.  Состојабата е алармантна, бидејќи ние од оваа страна немаме пристап до пожарот. Ја следиме состојбата за да ги евакуираме жителите на Аљинце и околните села ако пожарот се доближи до куќите“, велат од полицијата. 

И в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, посочи дека состојбата во Општината Старо Нагоричане, околу селото Дренак е најсериозна во целата држава. 

„Состојбата се менува од час во час, но ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, вели Ангелов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk