Пожарот во Липково сеуште активен

13.08.2012 12:22 | KumanovoNews

Во липковскиот крај со денови беснејат пожари. Во првиот голем пожар уништени се 50 хектари шума.

Пожарот во Липково сеуште активен

Откако тој беше ставен под контрола, за три дена повторно се појави оган во ова подрачје.

Во новиот пожар зафатени се околу шест хектари шума. Се очекува за брзо време овој пожар да се локализира, зависно од временските услови, од правецот и брзината на ветерот. Шумското претпријатие со триесетина луѓе учествува во гаснење на пожарот. Местото е непристапно и да таму не може да отиде противпожарно возило - велат од Центарот за управување со кризи.

По врнежите од дожд деновиве Противпожарната единица од Куманово регистрирала само еден помал пожар. Се работи за запалено стрниште во атарот на село Љубодраг. Пожарникарите скоро и да не интервенирале бидејќи штом огнот стигнал до нива која е тазе наводнувана, пламенот не се проширил. Во последниве два дена ова е единствен регистриран пожар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk