Позитивен на коронавирус уште еден лекар од Кумановската болница

07.04.2020 14:37 | KumanovoNews

 Доктор специјалист од Одделението за урологија во Општата болница Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово.

Позитивен на коронавирус уште еден лекар од Кумановската болница

Со тоа, во Кумановската болница досега се заболени 18 здравствени работници, од кои четворица доктори и останатите се медицински сестри и техничари.

„Во изминатите 24 часа има 7 позитивни на коронавирус во Куманово. Меѓу нив е и еден лекар од одделението за урологија. Тестирани се 75 здравствени работници од градот и кога ќе дојдат резултатите ќе покажат каква е состојбата“, изјави директорот Алиф Љатифи.

Вкупниот број на заболени во Куманово се искачи на 128 заболени и 7 починати од коронавирус. Во текот на денот направени се 25 тестови преку матичните лекари на Мој термин и со индикација 18 тестови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk