Познат идентитетот на полицаецот, го уби психички растроенa личност

31.07.2016 07:58 | KumanovoNews

Горан Станишевски (36) од населбата Карпош е полицаецот кој синоќа го загуби животот додека беше на должност во ромската населба Средорек.

Познат идентитетот на полицаецот, го уби психички растроенa личност

  Убиството го извршил Е.Б.(33) од Куманово, околу 22.30 часот,  кој предходно ги претепал своите мајка и сестра. Тие со возило на Итна помош биле пренесени во Кумановската болница, а семејното насилство било пријавено  во СВР Куманово. Потоа лекарите на Брза помош со асистенција на полицијата заминале да го земат насилникот и да го згрижат во медицинска установа. На лице место пристигнале и две екипи со 4 полицајци, при што Е.Б. почнал многу агресивно се однесува и да се заканува со нож. Бидејќи не можеле да го совладаат полицајците тргнале да излезат од собата, при што насилникот со нож го расекол Станишковски во грбот.  Помош му пружила екипата на Брза помош, но повредите биле фатални и полицаецот починал во Кумановската болница.

„За време на настанот заедно со полицијата беше присутна и Итната медицинска помош.  Заедно со полицијата бевме нападнати од душевно болниот убиец откако предходно бевме повикани на интервенција. Успејавме да го одржиме повредениот во живот, но кратко. Повредениот веднаш беше транспотриран на хируршкото одделение во Општа болница- Куманово, но за жал, им подлегна на повредите. Тимот од Итна медицинска помош неможе да се соземе од шокот , - напиша на ФБ профилот на Kumanovonews, докторка Марија Цветковска, која била на лице место.

 Насилникот имал здравствени психички проблеми и порано се лекувал во болницата во Бардовци. По убиството е совладан и приведен.

Куманово е во шок по синоќешната трагедија. На социјалните мрежи пријателите се простуваат од Горан и никој не сака да поверува во она што се случило. Сите велат дека бил голем професионалец посветен на работата. Прво работел во АРМ, па во единицата Алфи, и сега во екипата за брза интервенција.

                                                                                          (  фото. ФБ)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk