Познат идентитетот на загинатата кумановка

07.08.2016 17:13 | KumanovoNews

Жаклина Божиновска (43) од Куманово е жената која синоќа загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро.

Познат идентитетот на загинатата кумановка

 Таа со семејството на брат и се враќала од Охрид кон Куманово.

 Невремето ги фатило на автопатот и им го потопило автомобилот. Во обид да се спасат излегле до колата и продолжиле пеш. Додека се пробивале низ буицата Жаклина исчезнала. Залудни биле обидите на нејзиниот брат да ја пронајде и да ја спаси. На нејзината снаа со две малолетни деца им помогнале луѓе кои наишле со комби, а братот продолжил да ја бара сестрата во текот на ноќта. Утринава му била соопштена тажната вест дека е пронајдена удавена.

Жаклина и семејството на брат и вчера заминале на еднодневна прошетка во Охрид, бидејќи децата им биле на одмор.  

Божиновска работеше во ЈП “Чистота и зеленило“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk