Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комисијата за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации, при Советот на Општина Куманово, одлучи да додели 8 ноемвриски награди.
Меѓу наградените се 6 физички и 2 правни лица.
Награди за поединци добија Рамо Рашидовски, култура, Мирослав Крстевски, претседател КУД „Панче Пешев“, Неџат Акифи,новинар, Филип Колевски, тренер-атлетика, Верица Петровска, поетеса, Ваит Саити, директор во ЈП Македонски шуми, а правни лица Кумановски акцијаши и Радио Бум.
Комисијата од 17 предлози избравме добитници, од кои 6 физички и две правни лица.Сите тие твоереа од различни области, а нивниот труд е повеќегодишен и се надеваме дека ќе биде поттик за нивните понатамошни успеси со кои ќе го промовирааат Куманово не само во Република Македонија, туку и надвор од државата, - изјави претседателката на комисијата Снежана Захарева.
Наградите на добитниците ќе бидат врачени на Свечената седница на 11-Ноември. Меѓу предложени за највисокото општинско признание беа: Божана Трајковка писателка, Јовица Стојчевски, Милош Ранчиќ, спортист-атлетичар, Сашо Илиевски спортист-борач, Никола Томовски- тенисер, Фото клуб Куманово, ЈП „Македонски шуми“, Јоцо-турс, Здружение за грижа и воспитување на деца.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk