Познати добитниците на Ноемвриските награди

06.11.2018 14:39 | KumanovoNews

Борис Секирарски, метеоролог, Марјан Стошевски, спортски новинар, Страхил Петровски, уметник, Горан Илиќ, актер, Реџеп Реџеповски, боксер, Фадиљ Малиќи, лекар, и правниот субјект Кланица БДА-компани, се годинешни добитници на највисокото општинско признание Ноемвриска награда за 2018 година.

Познати добитниците на Ноемвриските награди

- Оваа  година имавме многу предлози, дури 37 и беше многу тешко да се изберат најдобрите, бидејќи сите беа квалитетни и во својата област докажани.  Комисијата одлучи да избере едно право лице и седум физички лица, - изјави Сашо Милковски претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.

Наградите на добитниците ќе им бидат доделени на Свечената седница на Денот на ослободување на Куманово- 11 Ноември.

 Фондот на паричната награда е 100.000 денари и ќе биде поделена меѓу шесмината поединечни добитници, додека правното лице добива само признание.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk