Познати добитниците на Ноемвриските награди во Старо Нагоричане

08.11.2018 10:12 | KumanovoNews

Општина Старо Нагоричане ќе додели пет Ноемвриски награди за 2018 година на поединци и колективи, кои постигнале исклучителни резултати во својата дејност.

Познати добитниците на Ноемвриските награди во Старо Нагоричане

Комисијата за доделување на награди и признанија одлучи со Ноемриски награди да ги награди: Миле Цветановиќ од село Старо Нагоричане во категоријата најдобар земјоделец, Оливер Тасевски од село Добрача во категоријата најдобар сточар, во категоријата најуспешен спортист наградата му припадна на Стефан Лазаревиќ од село Старо Нагоричане, за најуспешна фирма добитник на Ноемвриска награда е ПЗУ Д-р Јелена Митиќ во с. Облавце и во категоријата најдобар просветен работник наградата е доделена на Драгица Димковска, наставник по македонски јазик во ООУ „Светозар Марковиќ" с. Старо Нагоричане.

  Наградите ќе им бидат доделени на Свечена седница по повод на Денот на ослободување на Општината Старо Нагоричене, која ќе се одржи во сабота во 12 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk