Познати групите за турнирот на ФК „Куманово Еуроспорт“

19.12.2016 14:00 | KumanovoNews

Со жребка извлечени се групите во кои ќе играат екипите на турнирот за млади во фудбал, што викендов ќе се одржи на спортскиот коплекс арена Еуроспорт во Куманово.

Познати групите за турнирот на ФК „Куманово Еуроспорт“

Во групата А се:ФК „Куманово Еуроспорт“, „Њустарс„ Скопје, ФК „Пчиња“ Трговиште и академија „Младост Тошев„ Кочани, во групата се: академија „Постолов„ Штип,„Фамос“ Скопје, ФК „Динамо„ Врање и „Ринија“ Куманово.

Турнирот ќе започне во сабота во 9 часот, а ќе трае до недела навечер.

Натпреварите ќе се одржат на терените на спортскиот центар Еуроспорт на вештачка трева покриена со балон. На турнирот ќе бидат поделени награди за првите 4 места, како и за најдобар стрелец, голман и играч. Учество ќе земат деца родени 2006 година.

Сите љубители на спортот можат да ги следат натпреварите и тоа во сабота од 9 до 15 часот, а во недела ќе се одиграат полуфиналните и финалните средби.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk