Познати кандидатите за Ноемвриска награда

04.11.2015 14:57 | KumanovoNews

До комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија се доставени 18 предлози за доделување на Ноемвриската награда.

Познати кандидатите за Ноемвриска награда

Претседателката на комисијата, Снежана Захариева вели дека 5 од предложените кандидати не живеат во општина Куманово, со што не ги исполнуваат условите за добивање на ова признание. Оваа година доминираат кандидати поединци кои се истакнале во различни дејности.

Поднесени се пријави од повеќе области, од областа на културата, спортот, музиката, просветната дејност, една широка лепеза на кандидати со тоа што имаме повеќе поединци отколку организации. Би ми било драго да што повеќе од нив добијат награда, но морам да нагласам дека нешто ќе треба и ние како комисија да смениме во самото информирање на граѓанството, бидејќи со самото тоа што имаат поднесено лица кои не можат да бидат разгледувани како предлози, ќе треба малку повеќе да поработиме на информирање - изјави Захариева.

За највисокото општинско признание предложени се: Јовица Стојчевски, Мирослав Петровиќ боксер, Севџан Сулејмановски НВО, Томислав Нешковски уметник, Основното училиште Браќа Миладиновци, Бобан Богатиновски писател, Драган Илиевски професор, библиотека Тане Георгиевски, Мерилин Мери Стојановска, Ваит Саити ЈП Македонски шуми, Светлана Антиќ Јовчевска, Сандра Томовска, Гордана Митровска-Беба, Јасмина Наумовска и Горан Стевчевски, Хулуси Салиу, Неџмедин Салии.

Добитниците на наградата ќе се знаат во петок. Најважно е предложениот кандидат да има достигнувања со кои придонел за афирмирање на градот. Наградите ќе бидат врачени за празникот на градот 11 Ноември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk