Познати кандидатите за претседател на кумановското СДСМ

29.07.2013 09:24 | KumanovoNews

 Мартин Костовски и Љубиша Николиќ се кандидати за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.

Познати кандидатите за претседател на кумановското СДСМ

Двајцата ги поднеле своите програми до централното раководство до петок, кога завршил предвидениот рок за самокандидирање. Претседателот на партијата  Зоран Заев ќе одлучи и ќе му даде мандат на еден од нив, да го води огранокот во наредните четири години. Мандатарот ќе добие можност сам да го состави извршниот одбор од 18 члена, а членовите на надзорниот одбор ќе се бираат на Конференција.

Партиски извори велат дека фаворит е Костовски, кој досега ја вршеше функцијата секретат на општинската организација. Тој е човек на градоначалникот Зоран Дамјановски и на младото крило во СДСМ.

Многумина се изненадени од кандидатурата на Николиќ, кој исто така нема голем стаж во партијата, но долги години е во врвот на партиското раководство како квалитетен кадар.

                                                                       (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk