Познати победниците на конкурсот за есеи на “Корени“

02.09.2014 09:53 | KumanovoNews

Познати се имињата на победниците на 9 - от по ред конкурс “Мартовски есеи“ кој го распишува списанието “Корени“.

Познати победниците на конкурсот за есеи на “Корени“

За најдобри се издвоени есеите на авторите : Христо Петрески од Скопје  „Задна пошта 97244“, Цонка Христова од Габрово, Бугарија  за „За колективната среќа“ и Лилјана Пантелиќ Новаковиќ од Белград, Србија со есејот “Најгенијален парадокс - Ајнштајн во просторот и времето“, како и есејот на хрватскиот автор Томислав Шоваговиќ од Загреб, “Една винска вистина, две Арсенови песни“.

Од пристигнатите млади автори со своите есеи се издвоија : Бисера Пешевска со есејот „Тајните на сонот“, Драгана Јордановска „Силата на разумот ги победува љубовта и материјалното“ и Марија Илиевска  за есејот „Ловец на соништа“.

“Редакцијата дополнително ќе ги извести авторите на кој начин ќе бидат доделени признанијата со оглед на промените кои настанаа во Здружението за наука и култура „Парадигма“ од Куманово, по неприфаќање на списанието за 2014 година, прв пат по 12 години во Програмата за културни проекти од национален интерес за државата“ - вели Димитар Масевски, уредник на “Корени“.

Со тоа во неизвесност е дали ќе биде отпечатено 47 - то издание на “Корени“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk