Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Елена Доцевска Божиновска е носителка на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за Советот на Општина Куманово на престојните локални избори. Доцевски е дипломиран правник со положен правосуден испит, раководител на Одделение за библиотека во Собранието на РМ.
Покрај Доцевска Божиновска, на листата за идни советници се: Бобан Николовски, Жарко Милошевски СПМ, Саша Николиќ ДПСМ, Валентина Младеновска, Марјан Каранфиловиќ ГРОМ, Невена Величковска, Мирослав Тричковиќ ДПСМ, Дејан Јовановски, Сузана Максимовска, Зоран Петрушевски ГРОМ, Александра Тасиќ ДПСМ, Марко Митровски, Наташа Јакимовска, Сашо Стошевски, Ивана Лазаревска, Милан Давидoвиќ, Дејан Цветковски, Сања Јакимовиќ Петковска, Маја Ристовска Антевска, Драган Лазаревски, Славица Стошиќ, Витомир Димовски, Фидан Арсовски, Маја Митевска, Предраг Петрушевски, Дарко Живковски, Жаклина Десанковска, Иван Димитриевски, Цветанка Величковска, Дарко Младеновски, Иван Илиевски и Ангела Димитриевска.
Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово е актерот Тони Михајловски.
Кандидатските листи за советници и градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата попладнево ќе бидат предадени во Општинската изборна комисија(ОИК).
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk